Свет Adele

24 септември, 2015

Во ноември конечно нов албум од Адел

По пауза од четири години, наскоро конечно ќе слушнеме нешто ново од Адел! Според „Билборд“, британската ѕвезда, која со својот историски албум „21“ продаден во 11 милион примероци буквално владееше со топ листите во 2011 и 2012 година, новиот албум ќе го објави на 2о ноември, а првиот сингл можеме да го очекуваме во првата или втората недела од ноември.

Новото, трето по ред студиско издание наводно ќе го носи насловот „25“, а меѓу соработниците се наведени Дејнџр Маус, Макс Мартин и Рајан Тедер од „Уан репаблик“, кој се потпиша и како коавтор на хитот „Rumour Has It“. Од тимот на пејачката сè уште не се официјално потврдени никакви информации, така што се надеваме дека ќе добиеме потврда наскоро.

 

 

 



Врати се горе ↑