За Вас

28 септември, 2018

Во недела се затвора пријавувањето за трчање на Skopje Run 10K

#СекојКилометарЗначи и можноста за купување на хуманитарни километри ќе биде отворена до самата трка

Тимот на Сојуз на спортови на Град Скопје заедно со СОС Детско село успеаја да направат кампања која ги поттикна сите пријавени на овогодинешната 10 километарска трка, како и оние кои сакаа да ја покажат хуманоста, да се вклучат во единствениот настан од ваков тип до сега во Македонија, каде со купувањето километри се донира за СОС Детско село.

Skopje Run 10K ќе се одржи во недела, 7 октомври 2018, на бул. Илинден во Скопје, со почеток од 09.00 часот. Големиот интерес за самата трка го надмина бројот на пријавени од минатата година. Поради истиот, организаторите ги повикуваат сите заинтересирани да се пријават за трчање до недела, 30 септември 2018, затоа што во 23.59 часот, истиот ден, се затвора оваа можност.

Кампањата #СекојКилометарЗначи и можноста за купување хуманитарни километри онлајн ќе трае до денот на самата трка. Така, тие кои учествуваат, кои планираат да учествуваат и тие кои не се во можност да трчаат, сѐ уште може да бидат дел од оваа приказна. За да го направат тоа треба да креираат профил на www.smartrace.club. Тие што сакаат да трчаат, ја избираат трката Skopje Run 10K и ја купуваат својата котизација зависно од тоа дали сакаат сами да се на 10 километарската патека, или со некој друг на штафетата од 2х5 километри. Веќе пријавените тркачи можат да се логираат со својот профил и да си купат километар за себе или за некој од амбасадорите. За сите кои не се во можност да трчаат со својот новосоздаден профил ја селектираат Skopje Run 10K и одат во сегментот за купување километри. Таму, кога веќе самите не се пријавени на трката, избираат еден од амбасадорите за кој ќе купат километри. Секој километар е 100 денари и секој креиран профил може да купи до 10 километри. Овие средства, заедно со дел од средствата од dry-fit маиците, се наменети за СОС Детско село. За тие кои ќе купат над 4 километри ќе добијат Парго-маица од Катарина Ивановска.

Имајќи го предвид интересот на јавноста за трката и за #СекојКилометарЗначи, СОС Детско село ќе има поставено штанд на самиот ден на одржувањето на Skopje Run 10K каде секој лично ќе може да донира.

За повеќе информации може да се посетат: www.sos.mkskopje.runwww.facebook.com/SkopjeRunwww.facebook.com/detskoselomkd.

Skopje Run 10K и СОС Детско село реализираат еден голем предизвик со #СекојКилометарЗначи, кој не само што ги мотивира луѓето за здрав начин на живеење, туку и ја поставува патеката за идни вакви трки и хуманитарни настани.



Врати се горе ↑