Концерт krs-one

5 јули, 2013

Во недела, концерт на легендарниот KRS ONE!

Во недела, 7-ми јули во Скопје конечно доаѓа таткото на хип хоп движењето, легендарниот KRS ONE, кој во летниот клуб Колосеум, за прв пат кај нас, ќе одржи концерт кој воедно ќе биде и прослава на 40 годишнината на хип хопот низ Европа! Несомнено, KRS One е ултимативниот лидер на хип хоп генерацијата, човекот кој ужива почит и статус на култ и кој ги обединува сите кои веруваат во оваа филозофија на живеење. Вечно искрен во својата креативност и веројатно единствениот кој со константен ентузијазам и квалитет ги одржува самите хип хоп постулати, веќе повеќе од две децении, тој продолжува да опстојува како институција.

Еден од највлијателните MC-ја ќе нѐ почести со настап кој што едноставно не смее да се пропушти. Американскиот легендарен MC и продуцент директно од Њујорк за прв пат пред македонската публика, заедно со неговиот препознатлив бум бап звук. Вратите на летниот клуб Колосеум за овој концерт ќе бидат отворени од 20:30 часот, а почетокот е закажан во 21:30 часот. Задолжен за вжештување на атмосферата пред самиот настап на KRS ONE, со неверојатната моќ за забава, позитивна енергија и секогаш жестоки сетови, како домашна поддршка ќе присуствува и Диџеј Славе.

Додека се подготвувате за првата средба со таткото на хип хопот, не пропуштајте да го погледнете и видеото кое го снимивме со дел од локалните и регионални рапери кои го препознаваат “The Sound of The Teacha”. Џака Накот, Ронин, Жиле Рап Седум, Мац (Hiphop.mk), Небојша и Џоле (Hiphopmacedonia.com), Баже DSC, Домагој (Balkan Hip Hop Radio), De Dash.. зборуваат за Krs One и што тој претставува за хип хопот!

На секој рапер по дефиниција KRS ONE мора да му е во Топ 5 рапери” – Жиле Рап Седум
Еден од 5те рапери што мора да се видат пред да се умре” – Џака
Доаѓам од Загреб, ќе патувам 900 км. само поради Krs One, (…) ќе има супер дружба” – Домагој од Balkan Hip Hop Radio

Ова ќе биде број еден хип хоп настан во Македонија за кој со сигурност долго ќе се раскажува! Оние кои сѐ уште не купиле карта ги советуваме да побрзаат бидејќи промо влезниците од 400 денари ќе бидат достапни до денот на концертот, кога везниците на влезот од клуб Колосеум ќе чинат 500 денари. Билетите се достапни онлајн (на следниов линк ) и во продажната мрежа на МКтикетс:

*СКОПЈЕ – Југотон, Office plus и Eleven Cafe (Капиштец)
*КУМАНОВО – Агора
*БИТОЛА – Hard Rock
*ОХРИД – ZZ TOP
*КОЧАНИ – Комисион Шишко

Настан: www.facebook.com/events/

KRS-ONE – “The Teacha” со актуелната турнеја ја слави 40 годишнината на хип хопот низ Европа. Неговата музика ја карактеризира бум-бап звукот и има соработувано со бројни славни артисти како Marley Marl, Dj Premier, Scott La Rock, BuckShot, Freddie Foxx, Showbiz, Fat Joe, Kid Capri и ред други звучни имиња од светот на хип-хопот. Значаен за хип-хоп заедницата ширум светот, честопати е наречен “Eсенцијата на рап музиката” , како еден од најдобрите што застанале зад микрофонот. Како дел од хип-хоп екипата Boogie Down Productions, е познат по поставувањето на патот на хардкор и социјално -политичкиот рап и по издавањето на еден од највлијателните рап албуми – “Criminal Minded” заедно со Скот Ла Рок. За неговиот талент говорат и бројните освоени награди како VH1 – Hip-Hop Honors (2004), BET – I Am Hip-Hop (2007), Lifetime Achievement (2007), Urban Music – Living Legend Award (2009). Крис исто така е и основач на движењето “Temple Of Hip-Hop” и “Stop The Violence Movement”.  



Врати се горе ↑