Аудио 1797616_10203274261594276_1182136693_n

18 јуни, 2014

„Во милион една“ е новата песна на Иле Спасев

По минатогодишната „Магија“, Иле Спасев деновиве ја претстави својата нова песна насловена „Во милион една“, чиј автор на музиката е самиот Спасев, текстот на Даниела Хаџи-Тоневска, а аранжманот, продукцијата и мелодијата на придружните вокали се на неговиот долгогодишен пријател и соработник, познатиот продуцент Александар Масевски. Иле веќе подолго време работи на својот нов албум, на кој ќе се потпише како автор на поголемиот дел од песните, а сето тоа се подготвува токму во студиото на Масевски. Како звучи новата песна можете да слушнете во продолжение. Уживајте!

 



Врати се горе ↑