Видео nia

25 октомври, 2015

Во куќата на НИА станува жешко! Тензија и расправии, страст и љубов!

Поделбата на фаворити и губитници меѓу учесниците во првото македонско реално музичко шоу создаде силен емотивен набој во куќата, и во негативна, но и во позитивна смисла. Место како игра, дел од нив ги сфатија работите премногу сериозно, па искажувањето на своето мислење на повисок тон и нетрпеливоста се веќе секојдневие. Вчера дојде до расправија во која Иле индиректно ја обвини Миа дека глуми и не е искрена.

Но, не го делат сите неговото мислење, дури и напротив. Игор е сè поблизок со неа. Својата наклоност еден кон друг и двајцата ја искажуваат со многу прегратки и долги разговори. Вчера до доцна во вечерта си шепкаа на уво надовор, далеку од очите на другите. Сепак, љубовните искри е невозможно да се скријат, па затоа и во медиумите веќе се зборува за нивната романса.

Погледнете го вчерашниот пресек и уверете се сами (кавгата е на 11.30 минута, а гугуткањето на заљубените гулапчиња почнува на 16-та минута).

 



Врати се горе ↑