Видео

26 јануари, 2019

Во чест на Тоше, Виктор ја препеа „Громови на душа“

Денот на раѓањето е секогаш најубаво да се одбележи со песна, а токму тоа го направи Виктор Апостоловски, кој 38. роденден на легендарниот Тоше Проески го прослави со песна. Откако доби само пофални зборови за преработката наБоже, чувај ја од зло“ во 2016, Виктор годинава нè почести со неговата изведба на уште еден од бројните хитови на Проески – баладата „Громови на душа“.

Како и секој музички уметник, битолчанецот му даде свој печат на овој емотивен рефрен од Тоше, а како звучи сето тоа дознајте во продолжение.

 

Инаку, Виктор периодов е актуелен со најновиот сингл „Нервоза“, претставен како најава за долгоочекуваниот втор студиски албум „Во срцето“, кој ќе го наследи првенчето „Во моите сни“ (2015). Промоцијата на новото издание се очекува наскоро.



Врати се горе ↑