16 октомври, 2017

Во чест на Тоше, „Инструментал бенд“ ја преработи „Полско цвеќе“

И после 10 години од неговата прерана смрт, Тоше Проески останува и понатаму да биде најголема инспирација за новите музички генерации, а голем дел од нив одлучуваат да направат и по некоја преработка на неговите најголеми хитови. Таква одлука донеле и момците од битолскиот „Инструментал бенд“, кои направија одлична преработка на „Полско цвеќе“.

Нивната верзија, чиј аранжман го направија самите членови на бендот, стигна заедно екранизација што ја реализираше „Куба видео“, а снимањето се одвиваше на повеќе локации, меѓу кои националниот парк Пелистер, Спомен-куќата на Тоше Проески во Крушево, манастирот Преображение и на плажата „Конект“ на Преспанското езеро. Главната улога во видеото ја има Александар Поповски, а на кавал гостува Алекс Петковски. Како изгледа и звучи „Полско цвеќе“ во изведба на „Инструментал бенд“ можете да дознаете горе.

16711498_1397870923566869_7091855755122989755_n

Инаку, „Интрументал бенд“ е основан во 2005 година, а оттогаш претрпил неколку промени во поставата, која во моментов ја сочинуваат „ИдолотЖарко Стојкоски (вокал), Александар Котевски (клавијатури), Димитар Наумовски (тапани), Михајло Манојловски (бас гитара) и Никола Стојановски (соло гитара). За сите информации и настапи ширум Македонија можете да се информирате на нивната официјална страница на Фејсбук.

За крај да се потсетиме и како се родила оваа прекрасна песна на Тоше.



Врати се горе ↑