30 октомври, 2013

Внуката на Елвис Пресли во новиот видео запис на Џастин Тимберлејк

Од вториот албум „The 20/20 Experience 2 of 2“ кој Џастин Тимберлејк го претстави како продолжение на истоименото издание од почетокот на годинава, неодамна пристигна и вториот најавен сингл, а темата „ТКО“ потпишана од долгогодишниот соработник на Џастин, познатиот продуцент Тимбаленд, вчера доби и свое видео издание. Во седумминутниот видео запис покрај Џастин се појавува и 24-годишната актерка Рајли Кио, која е внука на легендарниот Елвис Пресли. Како изгледа сето тоа можете да видите горе.



Врати се горе ↑