Настани MissWinter2013(50x70)FB

13 февруари, 2013

Вљубени и разголени во Принцес Казино во Гевгелија

Во четврток, по повод Денот на вљубените и љубителите на виното, во Некст клуб Принцесс Казино во Гевгелија се организира необична забава.

Св. Трифун и св. Валентин присутните ќе имаат можност да го прослават на убав начин со бесплатно црвено вино и колачи за сите. Црвената боја ќе биде заштитен знак, а музиката ќе придонесе за што подобра и оригинална атмосфера.

Во петок, на 15-ти февруари, гевгеличани ќе имаат можнот да присуствуваат на изборот за Зимска убавица на Македонија заедно со модно студио Црнокрак. На специјалната писта која се подготвува ќе продефилираат 12 девојки од цела Македонија, а најубавата ќе добие вредни награди од Некст Клуб и Принцесс Казино Гевгелија.

Сабота е резервирана за еден од најдобрите диџеи на овие простори, DJ The Mister. Ве очекуваме!



Врати се горе ↑