Македонија

31 јануари, 2019

Влезниците за „Златна бубамара 2019“ во продажба од 6 февруари

Влезниците за претстојното, 22. по ред издание на популарната манифестација „Златна бубамара на популарноста“ ќе бидат пуштени во продажба на 6 февруари (среда) во 12.00 часот напладне, преку продажната мрежа на „МК Тикетс“, соопштија организаторите.

Под мотото „Да се предадеме“, годинашната манифестација ќе се одржи на 21 февруари во арената „Борис Трајковски“. Подготовките се веќе во полн ек, подготвена е и бината, а како и секогаш, сценариото останува јавна тајна до самиот ден на одржувањето.

Убави работни денови со екипата која 14 години ја подготвува сценографијата и аудивизуелниот изглед на Златна Буба мара…

Gepostet von Ranko Petrovik am Dienstag, 29. Januar 2019

Нè очекува незаборавен музички спектакл на 21 февруари. Од нас добивте 22 години – па кој Ви има дадено повеќе?“, напиша првиот човек на „Бубамара“, Ранко Петровиќ, споделувајќи фотографија од еден од состаноците со екипата што работи на настанот, а што ни подготвиле за ова 22. издание ќе дознаеме следниот месец.

Златна Бубамара на популарноста 2019 – најавен спот

Почнуваме, се загреваме 🔥🔥🎸 – пред нас е 22 издание на Златна буба мара 🔥💪🏼🔥 ❤️Билетите ќе бидат пуштени во онлај продажба преку Мк Тикетс на 6 февруари во точно 12 часот😄

Gepostet von Zlatna Bubamara Na Popularnosta am Dienstag, 29. Januar 2019

 



Врати се горе ↑