Концерт x

6 мај, 2014

Влезниците за концертот на финалистите од „X Фактор Адриа“ се пуштени во продажба

Влезниците за големиот концерт на финалистите од мегапопуларното шоу „X Фактор Адриа“ кој ќе се одржи во Скопје на 7 јуни во арена „Борис Трајсковски“, се веќе достапни во продажната мрежа на МКтикетс! За најголемите фанови и оние кои сакаат да бидат дел од овој концерт во првите редови на публиката и најблиску до своите омилени изведувачи, во продажба се пуштени и најавените фан-пит влезници кои се достапни во строго ограничен број од само 500 влезници. Цената на фан-пит влезниците изнесува 700 денари, а покрај фан-пит, достапни се и влезници за партер по цена од 350 денаривлезници за трибините кои чинат 400 денари, како и ограничен бројВИП влезници по цена од 1.000 денари.

Сите влезници можете да ги набавите преку продажната мрежа на МКтикетс:

  • Продажните салони на ONE во: Скопје (Рамстор, ТЦ Бисер, ГТЦ, ВЕРО Центар, Скопје Сити Мол) Куманово, Тетово, Гостивар, Битола 01, Охрид, Струга, Неготино, Кавадарци, Прилеп, Штип, Велес, Кочани, Струмица, Гевгелија.
  • Југотон ГТЦ 1 кат, МПМ ПРЕСС, Гоги Драчево, Универзална Сала – Скопје, Билетара на „Борис Трајковски“.
  • Онлајн преку www.mktickets.mk .

Но, тоа не е сè! Токму за концертот на финалистите на „X Фактор Адриа“, МКтикетс промотивно и бесплатно ја претставува новата услуга за своите корисници која воедно е и новина во македонскиот билет-сервис. Имено, МКтикетс во соработка со „ГЛС“ за прв пат ви ја претставува новата услуга за бесплатна достава на онлајн купените билети до вашиот дом!

Услугата за достава на влезниците важи само за влезниците кои се купени онлајн, а сè што треба да направите за вашите билети да бидат доставени до било која адреса во Македонија е да ја одберете опцијата за достава при онлајн купувањето. Оваа услуга со сигурност ќе наиде на задоволство кај публиката која веќе е нестрплива за концертот на финалистите на „Икс Фактор Адриа“ и за кој е огромен интересот да се биде дел од него. Сите информации и инструкции за начинот на кој се спроведува бесплатната достава на онлајн купените влезници денес ќе бидат објавени на интернет страницата на МКтикетс – www.mktickets.mk.

Воедно, поради големото исчекување на овој концерт и огромниот интерес од страна на публиката, ве советуваме дека треба да бидете брзи за да го обезбедите вашето присуство на големото концертно шоу кое нè очекува на 7 јуни во арената „Борис Трајковски“ во Скопје, кога бројните фанови на регионалното издание на светски популарното музичко шоу „X Фактор“ конечно ќе имаат специјално задоволство да уживаат во настапите на финалистите од регионалното издание на ова шоу.

Регионалното издание на „X Фактор“ се одржа со исклучителен успех и очекувно, привлекувајќи огромно внимание од страна на публиката и медиумите насекаде во регионот, а особено во Македонија со победата на македонскиот претставник во финалното натпреварување Даниел Кајмакоски. Овој концерт се надеваме ќе биде одлична прилика заедно да покажеме дека успешната кариера на нашиот победник ќе започне токму од Скопје и со безрезервната поддршка од македонската публика.

Покрај Даниел Кајмакоски, изведувачите кои ќе ги видиме на големиот концерт во Скопје се артистите кои се пласираа во 12-те финалисти на „Х Фактор Адриа“ какоМладен Лукиќ, Маја Новаковиќ, Александра Брковиќ, Тамара Милановиќ, Алекса Перовиќ, Харис Ќато, Лукијан Ивановиќ, дуото „H2O“ сочинето од Фифи и Маринела, како и бендовите „Доктори“ и „4U“.

Повеќе информации очекувајте наскоро!



Врати се горе ↑