Свет Eurovision 2013 sweden

27 ноември, 2012

Влезниците за Евровизија од 10 до 216 евра

Првата серија влезници за евровизискиот спектакл кој ќе се случува следната година во Малме, Шведска, од вчера се пуштени во продажба, пренесува Вечер. Достапни се билети за шесте проби, како и трите преноси во живо, првото и второто полуфинале и главната вечер. Првите влезници ќе бидат на попуст, за фановите има специјална квота, а најевтината влезница ќе чини 10 евра на партерот за стоење, додека за најскапата ќе треба да се платат 216 евра. Евровизиското шоу е закажано за 14, 16 и 18 мај следната година.

„Фановите ги прават најголемите евровизиски журки, тие се значаен дел од шоуто и сакаме да бидат закон на подот во фан секторот на Малме арената. За да бидат поблиску до сцената ќе ги извадиме столиците за да имаат доволно место. Фановите ќе имаат ексклузивен пристап до билетите до 3 декември, а потоа ќе бидат понудени на јавна продажба“, сметаат од ЕБУ и додаваат дека кога камерите и крановите ќе бидат поставени и кога ќе се дефинира сценографијата ќе бидат достапни повеќе билети.

Според најновите податоци, првата серија билети за финалето беа распродадени во првите 22 минути откако беа официјално пуштени во продажба. Инаку следната година заради штедење, на Евровизија нема да имаат свој претставник земјите Португалија и Полска.



Врати се горе ↑