Концерт gibonni_skopje

2 октомври, 2013

Влезници за концертот на Џибони во Скопје

Еден од најпопуларните пејачи на регионалната музичка сцена Златан Стипишиќ Џибони на 16-ти ноември доаѓа во Скопје со свој самостоен концерт кој ќе се одржи во арената „Борис Трајковски“. Сите фанови кои не сакаат да го пропуштат овој исклучетелен концерт на најпопуларниот хрватски пејач во последните петнаесет години, ги известуваме дека влезниците за концертот се веќе пуштени во продажба. Во зависност од распоредот на местата во арената „Борис Трајковски“, влезниците се достапни во повеќе категории и тоа:

  • 400 денари – горните три реда од трибините
  • 600 денари – останатите редови од трибините
  • 500 денари – партер
  • 1000 денари – ВИП трибини
  • 1200 денари – ВИП партер

Влезниците за ВИП партер се достапни само со резервации (на тел.бр. 070902793), а сите останати категории на влезници можете да ги набавите преку продажната мрежа на МК Тикетс:

  • Во Скопје: Југотон (ГТЦ, 1 кат), Цвеќара Розе Веро 2, Чао Кафе, Скопје Кафе, Камарад Рамстор;
  • Низ Македонија: Хард Рок (Битла), ЗиЗи Топ (Охрид), Агора (Куманово), Комисион Шишко (Кочани)
  • Онлајн на следниот линк: karti.com.mk

Концертот на Џибони е дел од европската турнеја за промоција на неговиот нов албум „20th Century Man“. Во рамките на оваа турнеја со повеќе од 15 закажани настапи и одличните концерти одржани низ европските метрополи како Берлин, Прага и Виена, и македонската публика ќе има можност првпат во живо да ги чуе новите песни од албумот кој е снимен во продукција на британскиот, греми наградуван продуцент Енди Рајт, но и сите легендарни хитови на Џибони. „20th Century Man“ е прв во кариерата на Џибони кој е снимен на англиски јазик и на него се наоѓаат осум нови песни.  Помеѓу фаворитите од овие песни се истакнуваат најавниот сингл „Ain’t Bad Enough For R’n’R“, насловната песна „20th Century Man“, баладите „Hide The Mirror“ и „Broken Finger“, и секако песната која го отвора албумот Hey Crow.

Џибони е важи за најтиражниот хрватски кантавтор на сите времиња и за единствен артист во регионот кој бил толку едногласно признаен и наградуван истовремено од критиката и од публиката. Секој пат со нестрпливост се очекуваат неговите нови албуми и концерти, кои секој пат за неколку скалила повеќе ја издигнуваат границата на успех и квалитет, која тој самиот ја поставува. Токму така ќе биде и со концертот во Скопје, кој нѐ очекува на 16-ти ноември во арената „Борис Трајковски“. Почетокот на концертот е закажан во 21:00 часот, а влезот за посетителите ќе биде отворен од 20:00 часот.



Врати се горе ↑