11 јуни, 2013
Влезете во „замислениот свет“ на Токсиколозите
Како што неодамна најавија, новата групација Токсиколози се подготвени да почнат со претставување на новиот материјал од претстојниот проект под наслов „ПУШТИ ГЛАС!“, а сега пристигна и видео записот за првата песна насловена „Свет замислен“.
„Сакам гласна смеа, сакам сите да пеат, сакам сите да ги глеам со посебна идеја, сакам ДОБРО ДА НИ БИДЕ“ е пораката која ја шират Токсиколозите. Видеото е снимено од Кристијан Теодоров, изработено од Иван Солунчев, додека песната е продукција на Марко Наумовски. Влезете и Вие во нивниот „свет замислен“ и уживајте во видео записот исполнет со позитивни вибрации, насмевки и добри луѓе!