Аудио

25 јануари, 2018

Влатко Стефановски со концертна промоција на „Мајчин јазик“

Во ноември 2017 година, Влатко Стефановски го издаде својот 33. албум насловен „Мајчин јазик“. Ова е првиот акустичен албум во неговата кариера, и веднаш по издавањето се здоби со неподелени позитивни критики од балканските музички критичари и медиуми.

На 17 март 2018 година, ќе биде организират концерт на кој за првпат пред македонската публика ќе биде претставен албумот „Мајчин јазик“. Концертот ќе биде заокружување на еден артистички период и израз во кариерата на Стефановски.

Специјални гости на концертот ќе бидат балканската етно-дива Биља Кртсиќ и членовите на групата „Љубојна“, Вера Милошевска и Оливер Јосифовски. Концертот ќе се одржи во големата сала на Македонсктата филхармонија во Скопје.

Билетите се пуштени во претпродажба преку „Купи карти за сè“, по цена од 1.000 денари.



Врати се горе ↑