Македонија vlatko-stefanovski-fb

2 февруари, 2013

Влатко Стефановски освои награда за филмска музика

Најпознатиот македонски гитарист Влатко Стефановски се закити со престижното признание Најдобра филмска музика на доделувањето на Fipresci наградите кое се одржа деновиве во белгардскиот Музеј Кинотеке. Оваа награда Стефановски ја доби за музиката во филмот „Кад сване дан“ на режисерот Горан Паскаљевиќ, пишува МММ.

На свеченоста во Белград, Стефановски не беше присутен за да ја прими наградата бидејќи тој завчера заедно со Мирослав Тадиќ и Теодоси Спасов одржа концерт во Лондон, на кој ги придружуваше Симфонискиот оркестар од Лондон.

Наградата Fipresci е единствената во Србија каде се вреднуваат најдобрите филмски остварувања во оваа земја, а се доделува уште од 1993 година. Апсолутен победник годинава е филмот Клип“ на младата режисерка Маја Милош. Филмот „Кад сване дан“ на Горан Паскаљевиќ, за кој Стефановски компонираше музика, беше српскиот претставник за престижните филмски награди Оскар, во категорија филм од неанглиско говорно подрачје.

Извор: mmm.com.mk/фото:фејсбук фан страница на Влатко Стефановски



Врати се горе ↑