Концерт

10 јули, 2018

Влатко Стефановски на 1 август во Охрид

Како и секоја година, Охрид летово ќе биде центар на бројни музички настани, а меѓу нив е и концертот на легендарниот гитарски виртуоз Влатко Стефановски, кој после трите распродадени концерти во Македонската филхармонија, својот нов албум „Мајчин јазик“ го носи и во Античкиот театар во Охрид.

Концертот е закажан за 1 август, со почеток во 22 часот, а Стефановски ќе настапи со гостите Биља Крстиќ од Србија, Теодосиј Спасов од Бугарија, Танос Ставридис од Грција, Весна Гиновска Илкова и групата „Љубојна“ од Македонија.

Албумот „Мајчин јазик“ излезе кон крајот од минатата година и доби само пофални зборови и од критиката и од публиката, а освен промоцијата на домашен терен, музичарот одржа концерти во повеќе земји од регионот, а допрва го очекуваат и настапи како главна ѕвезда на фестивалите „Драм-дам фест“ во Лесковац иРокеријадата“ во Петровац на Млава.

Билетите се со цена од 1.000 и 1.200 денари и истите се веќе пуштени во продажба онлајн и на сите продажни места на „Купи карти за сè“.



Врати се горе ↑