Концерт vlatko.jpg500

19 февруари, 2015

Влатко Стефановски и Васко Атанасовски со заеднички концерт во Универзална

Познатиот македонски музичар Влатко Стефановски и најуспешниот балкански музичар на дувачки инструменти, Васко Атанасовски, заедно со Камерниот гудачки оркерстар на словенечката филхармонија ќе приредат незаборавно концертно доживување за македонската публика. Овој концерт насловен „Fire And Ice“, кој го најавува „Баги комуникации“, е закажан за 21 март 2015 година во Универзалната сала во Скопје, со почеток од 20.30 часот.

Музичарите ќе се претстават со авторски дела, како и адаптации на словенечки и македонски народни песни, а како звучат заедно можете да слушнете во продолжение. Уживајте!

 



Врати се горе ↑