Концерт

19 јули, 2019

Влатко Стефановски и Мирослав Тадиќ на 31 јули во Битола

Легендарниот македонски музичар Влатко Стефановски и неговиот српски колега Мирослав Тадиќ на 31 јули ќе одржат концерт во археолошкиот локалитет „Хераклеја“ во Битола, како свечено затворање на годинашното, 49. по ред издание на фестивалот „Илинденски денови“.

Концертот е и во рамките на битолското културно лето „Битфест 2019“, a влезниците по цена од 300 денари се пуштени во продажба од денеска, 19 јули, во билетарницата на Центарот за култура – Битола.

Картите за големиот концерт на виртуозите Влатко Стефановски и Мирослав Тадиќ се пуштени во продажба од денес,…

Gepostet von Ilindenski denovi am Freitag, 19. Juli 2019

Освен во Битола, Стефановски на 4 август ќе настапи и во античкиот театар во Охрид, со концерт во рамките на фестивалот „Охридско лето“.



Врати се горе ↑