Македонија 562611_10151873356294616_1624206805_n

14 април, 2013

Влатко Стефановски го довршува новиот албум

Во домашното студио „Езотериа“, Влатко Стефановски заедно со тон-мајсторот Мите Димовски, деновиве работи на финалниот микс на песните од својот најнов албум, на кој работи веќе поголго време, пишува Дневник. По цели десет години откако го претстави „Кула од карти“, ова е прв албум на Стефановски со песните што се во поп-рок стил. Албумот ќе го носи насловот „Guitar Tzar“ (Царот на гитарата).

Во изминатата деценија Влатко Стефановски со Мирослав Тадиќ сними два албума – „Трета мајка“ и „Live in Zagreb“, ги објави блуз преработките собрани во колекција со наслов „Гром од ведро небо“, кои ги сними со Јан Акерман и Дамир Имери, додека проектот „Kings of Strings“ го реализира со светски познатите Томи Емануел и Сточело Розенберг.

 

Извор: Дневник

ФотоФејсбук страница на Влатко Стефановски



Врати се горе ↑