Македонија

25 ноември, 2018

Влатко Миладиноски заминува на светска турнеја

Пејачот на народна музика, Влатко Миладиноски најавува голема светска турнеја, која ќе опфати гостувања во многу земји каде што живеат Македонци. Гостувањата почнуваат со реализација оваа година, а продолжуваат во текот на целата следна 2019-та.

„Овој месец ми започна со гостување во Швајцарија, а веќе следниот сум кај нашинците во Грција, додека во јануари патувам за Канада. Отсега можам да го најавам и гостувањето во Амстердам, Холандија, за 8 март, додека после тоа ме очекува големата турнеја во Австралија“, вели Влатко и додава дека во завршна фаза се договорите за настапи во Турција, Словенија и повторно во Швајцарија.

Деновиве Влатко го заврши и снимањето на спотот за неговата нова песна „Сè ми снема“, кој се снимаше на неколку локации, а го реализира „Арт студио“, па премиерата се очекува наскоро.



Врати се горе ↑