За Вас

2 април, 2018

Влатко Миладиноски со емотивно велигденско шоу

Фолк-пејачот Влатко Миладиноски за престојниот празник, христовото воскресение – Велигден, ќе ја изненади својата публика со свое велигденско шоу кое го снимаше минатата недела, во прекрасната атмосфера во етно-ресторанот „Долија“ во Кучково.

Очекувањата на Влатко и целата екипа се дека со убавите македонски песни и ора, на овој убав и голем празник ќе разбудат прекрасни емоции кај гледачите кои баш на вакви празници сакаат да уживаат со нашата убава песна и традиција.

„Во самото шоу учествуваа многу мои блиски соработници и инструменталисти. Придружуван бев со кореографија од фолклорното студио ’Блажевски’, а продукцијата е на ’Ин ТВ’“, вели Влатко и додава дека премиерно во оваа емисија гледачите ќе ја слушнат новата песна „Ај да ојме Јано“.

Режисер и водител на музичкото шоу беше самиот пејач, а истото ќе биде прикажано премиерно на една национална телевизија и повеќе регионални и локални ТВ станици, како и на сателитската „Ин ТВ“.



Врати се горе ↑