Видео

1 март, 2019

Влатко Миладиноски го претстави видеото за „Сè ми снема“

Пејачот на народна музика, Влатко Миладиноски неодамна го промовираше видеото за темата „Сè ми снема“, со која настапи на фолк-фестивалот „Валандово“ во 2012 година. Музиката и аранжманот се на неговиот брат Златко Миладиноски, а стиховите ги потпишува Борче Нечовски, додека видеото го изработи екипата на „Арт студио“.

Снимањето се одвиваше кон крајот на минатата година, на повеќе локации и прикажувајќи ги убавините на Маврово и Водно, а покрај него се појавуваат и дел од членовите на групата „Интермецо“. Миладиноски во моментов е зафатен и со бројните гостувања ширум светот, како што е претстојниот осмомартовски концерт во Амстердам, Холандија, после што ќе следи големата турнеја во Австралија.

Новото видео за „Сè ми снема“ можете да го погледнете во продолжение. Уживајте!

 



Врати се горе ↑