Аудио vi

29 декември, 2014

Влатко Илиевски со новогодишен подарок за фановите

Најубавиот новогодишен подарок кој еден пејач може да им го подари на своите фанови е секако песна. Токму тоа го направи Влатко Илиевски, кој неодамна ја објави темата „Коса плава и луда глава“, чиј автор е Кристијан Габроски. Станува збор за љубовна песна во брз и весел празничен ритам, која пејачот верува дека одлично ќе помине кај слушателите, а планира да сними и видео запис. Како звучи сето тоа можете да слушнете во продолжение.

 

Учеството во „Танцот со ѕвездите“, претставата „Есенин“ во битолскиот театар, настапите на „Макфест“ и „Скопски фестивал“ е само дел од она што направи 2014 година да биде мошне успешна за познатиот пејач и актер, кој најлудата ноќ ќе ја помине работно во хотелот „Метропол“ во Охрид. Новиот сингл е најава за неговиот нов, четврт по ред, соло албум, кој би требало да се појави на почетокот на следната година, кога ќе започне и турнеја по сите големи клубови низ Македонија.

 Извор: „Утрински“ и „Република“



Врати се горе ↑