Концерт 598462_10151276250772313_691519487_n

2 декември, 2012

Влатко Илиевски со нов албум и концерт

Два новитети поврзани со пејачот Влатко Илиевски. Денеска точно на пладне е закажана промоцијата на новиот албум насловен „Нека биде по твое“, а ќе се одржува во клубот Думо (Капиштец). Албумот го носи насловот на макфестовската нумера со која годинава се претстави Влатко, а на неодамнешниот Скопски Фестивал Влатко се претстави со „Во пепелта на љубовта“. И двете композиции ќе се најдат на новиот албум.

Сите композиции Илиевски ќе ги промовира на концертот кој ќе се одржи во Универзалната сала, закажан за 10-ти декември во 20.30 часот. Според најавеното, гости на овој концерт ќе бидат бендот Швалери. Во продолжение да се потсетиме на насловната нумера од новиот албум „Нека биде по твое“.

 



Врати се горе ↑