Македонија Vlatkoilievski

22 септември, 2014

Влатко Илиевски подготвува нов албум

Поп-рок пејачот и актер Влатко Илиевски снима нови песни за новиот албум, кој треба да го заврши и да го промовира до крајот на годината, пренесува „Вест“. Новиот албум ќе има ис­клу­чи­во рок и поп-рок песни, музика по која е познат Влатко, иако, како што ве­ли, во изминатиов период малку експериментирал со музиката, и тоа не поминало тол­ку добро.

На новите песни од албумот ќе работи со неговите долгогодишни соработници Дар­ко Тасев, Весна Малинова, Кристијан Габроски и Владимир Дојчиновски. Во план е да сними и еден дует со едно ново име од домашната музичка сцена. Пок­рај музиката, Влатко наскоро ќе започне со снимање на нова  телевизиска серија.

Во продолжение уживајте со „Моја стара навика“, со која Илиевски настапи на овогодишното издание на „Охрид Фест“. Песната е комплетно авторско дело на Влатко, а за аранжманот му помогна Александар Стаматовски.

 



Врати се горе ↑