Влатко Илиевски подготвува дует со Антонија Шола
Влатко Илиевски ќе настапи на поп вечерта од годинешното јубилејно издание на фестивалот „Охридски трубадури – Охрид фест“, која ќе се одржи на 23-ти август на охридскиот кеј. Илиевски ќе настапи во дует со хрватската пејачка Антонија Шола, а песната ќе биде снимена во две верзии – на македонски и хрватски јазик, пренесува Вест.
Поради јубилејот, „Охрид фест“ ја менува локацијата на одржување, наместо на летната сцена на Долни Сарај како до сега, се преместува на кејот кај поренешниот хотел „Палас“. Ќе започне на 20-ти август со детскиот фестивал „Чунга лунга“, па продолжува со вечерта на новите ѕвезди на 21-ви, фолк вечерта на 22-ри, поп вечерта на 23-ти, и финалната интернационална вечер на 24-ти август.
Влатко Илиевски во моментов е актуелен со преработката на хитот од Студени нозе, а песната „Во парк“ ја отпеа заедно со Викторија Лоба.