Македонија vi

21 април, 2017

Влатко Илиевски најави преработка на хитот „Комшивке убава“

Популарната песна „Комшивке убава“ на некогашниот состав Ристо Бомбата и „Кучешка тенија“ наскоро ќе добие нова верзија, а за сето тоа ќе се погрижи Влатко Илиевски. Познатиот музичар и актер, кој во моментов привршува со работа на материјалот за новиот албум, и претходно постигна голем успех со преработката на „Дојди ти“, па се надева дека истото ќе се случи и со „Комшивке убава“.

„На овој начин младите генерации имаат можност повторно да ги слушаат старите добри хитови“,  откри тој во неодамнешен разговор со „Теа модерна“. Покрај самостојниот албум, Влатко е дел и од новото издание на групата „Морал“, кое ќе стигне после долгогодишна музичка пауза.

Додека ја очекуваме новата верзија на овој голем хит, потсетете се на исто толку популарната „Дојди ти во канџите наострени“!

Фотографија: Фејсбук



Врати се горе ↑