Аудио loba ilievski

19 мај, 2013

Влатко Илиевски и Викторија Лоба изненадија со нова песна

Ретко кој не се сеќава на песните од бендот Студени нозе, а интересните и смешни текстови сè уште ги знаеме на памет. „50 марки“, „Како кучето мое“, „Ти си проблем“, „Маре Маријана“, „Ружна женска имам“ „Опинок“, „Педигре“ се само дел од хитовите кои своевремено ги направи овој состав, а во многу случаи се докажало дека со преработките на старите песни само се продолжува нивниот животен век.

Токму една таква преработка направија и нашите пејачи Влатко Илиевски и Викторија Лоба, кои претставија своја верзија на хитот „Во парк“, а како звучи тоа можете да слушнете во продолжение.

 

 



Врати се горе ↑