Балкан 416946_10150595491547336_832808320_n

13 декември, 2012

„Власта Попиќ“ на турнеја во Македонија

Хрватскиот панк-рок бенд Власта Попиќ пред Нова година ќе ја одржи својата прва мини-турнеја во Mакедонија, пишува Дневник. На 28-ми декември ќе свири во Kуманово на фестивалот „Нема Дедо Мраз 5“, со македонските бендови XаXаXа, СИЗ, Молокаи, Фонија и Kалчр дивелопмент. Ден подоцна ќе одржи матине-радиоконцерт на „Kанал 103“. На 30 декември групата ќе гостува во скопскиот клуб „Менада“.

Власта Попиќ доаѓаат од Вараждин, Хрватска. Бендот го сочинуваат Иван Шчапец (гитара, вокал), Тена Рак (тапани, вокал) и Дражен Хижак (бас). Формирани се 2007 година, но дури во 2009 година почна нивното поактивно деjствување надвор од Вараждин. Во 2010 година го издадоа своето прво ЕП-издание „Најача ултимативна машина за убијање“. Во почетокот на 2011 беше прогласен за најдобар демо-бенд според избор на публиката на порталот Terapija.net. Во јуни истата година победи на „Демофест“ во Kрагуевац и освои снимање и издавање деби-албум. Албумот „За очњаке“ е снимен во белградското студио „Дигимедија“ со продуцентот Борис Младеновиќ (Репетитор, Јарболи, Нежни Далибор…). Албумот е издание на српската етикета СKЦ од Kрагуевац. Изданието наиде на одличен прием кај критиката во регионот и претставува едно од најпријатните изненадувања за 2012 година.

Фото: Софиа Заставник



Врати се горе ↑