Видео vj

11 јануари, 2017

Владо Јаневски во „Еден на еден“: „Никогаш не сум украл песна!“

После повеќе од 15 години, еден од најпопуларните македонски музичари, Владо Јаневски конечно ја прекина медиумската пауза, гостувајќи во новогодишната епизода на емисијата „Еден на еден“. Токму тоа беше и една од темите на разговор, каде што музичарот откри дека налутените новинари дури му залепиле етикета дека крадел песни, но и дека докажал оти и без медиуми се може.

„Затоа и не ме сакаат новинарите, бидејќи јас сум и жив доказ дека и без нив се може. Најеклатантен пример е што одеднаш се појавија прикаски во последниве пет-шест години дека јас крадам песни, а новинарите најдобро знаат дека може да свртиш телефон во ЗАМП и на лице-место да провериш кој е пријавен како автор на музика, пример на песната ’Што и да е, ќе помине’ и ЗАМП ќе рече ’Владо Јаневски ја пријавил, ама си стои оригиналниот автор на музика, но новиот македонски текст е напишан од Владо Јаневски’, но тоа не е прикаска што е интересна за душманите. И тие ќе речат ’аха, еве го крадецот’, за некако да објаснат како јас сум успеал да не ги играм нив, а да сум и понатаму жив и здрав и добар“, објасна Јаневски, додавајќи дека во секој негов албум си стои авторот на секоја песна.

„Значи, да си знаете, секој пат кога ќе чуете моја песна на радио, чиј автор е потпишан, на пример, Род Стјуард за ’Што и да е, ќе помине’, Татјана Снежина за ’Тајна отровна’… секој пат кога оди таа песна на радио, јас не добивам ни банка од таа песна. Тие пари одат во Русија, кај оригиналниот композитор кој ја напишал, којшто јас сум го кажал. Јас сум напишал текст, но парите за музиката си одат кај што треба“, заклучи тој.

Меѓу другото,  чаирскиот романтичар откри детали од неговиот приватен живот, зборуваше за неговата младост, за многуте девојки, за неколкуте деца, за односот со Роберт Саздов… Доколку ја пропуштивте емисијата, истата можете да ја погледнете во продолжение.



Врати се горе ↑