Концерт

5 август, 2018

Владо Јаневски вечерва ќе слави 25 години кариера во Охрид

Вечерва, 5 август, во Античкиот театар во Охрид, Владо Јаневски ќе одржи голем концерт по повод 25 години соло-кариера, која започна со песната „Црно тиквешко“, а после која следеа навистина безброј хитови што придонесоа Владо да биде во моментов најголемата машка музичка ѕвезда во Македонија.

Концертот е во организација на неговата некогашна матична куќа „Авалон“, а влезниците по цена од 500 денари за партер и 800 денари за трибини се во продажба преку мрежата на Купи карти за сè“ низ цела Македонија.

Популарниот пејач и автор, кој во моментов е актуелен со хитот „Главен град на тагата“, прославата ќе ја продолжи и на 17 август на „Струмица опен фест“, како и на 24 август на Широк сокак во Битола, а сето тоа ќе кулминира наесен во ВИП арената „Борис Трајковски“ во Скопје.



Врати се горе ↑