Концерт 13669124_906316066180339_636776513402147752_n

16 јули, 2016

Владо Јаневски со концерт во Охрид

На 29 јули (петок), Владо Јаневски ќе одржи голем концерт во познатиот охридски клуб „Кадмо“. Чаирскиот романтичар, кој во моментов е актуелен со најновиот хит „Ајде води ме“, ќе биде придружуван од бенд што го сочинуваат познати македонски музичари како што се Дамјан Пејчиноски (гитара), Влатко Плевнеш (клавијатури), Никола Бочваров (бас гитара), Дино Милосављевиќ (тапани), Оливер Дуев (удиралки) и Стево Чепишевски и Сара Николовска како придружни вокали.

Влезниците по цена од 200 денари се веќе пуштени во претпродажба во кафулето и клубот „Кадмо“, како и на штандот меѓу комплексот „Летница“ и ГТЦ „Амам“ во Охрид. Настанот е со почеток од 22.30 часот.



Врати се горе ↑