Концерт

9 јули, 2018

Владо Јаневски со голем концерт во Охрид

Големо задоволство ни е да ви објавиме дека легендарниот Владо Јаневски после пауза од скоро 10 години, ќе одржи голем концерт во живо во Охрид и тоа на веројатно наједкватната локација за неговиот тип на музика, Антички театар, на 5 август, соопштија организаторите од „Авалон“.

Концертот е по повод 25 години од соло-кариерата на Владо Јаневски која започна со песната „Црно тиквешко“, а после која следеа навистина безброј хитови што придонесоа Владо да биде во моментов најголемата машка музичка ѕвезда во Македонија.

Влезниците се веќе во продажба онлајн преку www.avalon.mk, продажната мрежа на Купи карти за сè“ низ цела Македонија и „Југотон“, по следниве цени:

500 ден ПАРТЕР
800 ден ТРИБИНИ



Врати се горе ↑