Аудио

28 февруари, 2019

Владо Јаневски со голем концерт на 16 март

Владо Јаневски конечно ќе прослави 25 години кариера со големиот концерт закажан за 16 март во ВИП арената „Борис Трајковски“. Имено, славеничкиот концерт требаше да се одржи лани на 1 јуни на стадионот на АРМ, во организацијата на „Авалон“, но беше одложен заради здравствени причини, а се одржа оној во јули во Охрид, кој помина навистина одлично.

Претстојниот концерт на 16 март е во организација на „Прагма продукција“, а влезниците се пуштени во продажба по цени од 500 до 1.400 денари и истите можете да ги набавите преку продажната мрежа на „Купи карти за сè“, во „Пола Југотон“ и во цвеќарницата „Розе“ – Веро 2, како и онлајн на www.kupikartizase.com.

Популарниот музичар неодамна го објави и својот нов сингл насловен „Откако си негова“, кој можете да го слушнете во продолжение. Уживајте!



Врати се горе ↑