Концерт

12 април, 2018

Владо Јаневски со голем концерт ќе прослави 25 години кариера

По пауза од повеќе од десет години, Владо Јаневски ја обнови соработката со „Авалон продукција“, а повод за тоа е големиот концерт што ќе се случи на 1 јуни на стадионот на АРМ. Концертот е по повод 25 години од соло-кариерата на популарниот пејач, која започна со песната „Црно тиквешко“, а после која следеа навистина безброј хитови што придонесоа Владо да биде во моментов најголемата машка музичка ѕвезда во Македонија.

„Се очекува на концертот да присуствуваат околу 10.000 обожаватели на Владо Јаневски од цела Македонија и навистина ни е задоволство што го работиме овој проект во годината во која и ние одбележуваме јубилеј од 25 години“, велат од „Авалон“, додавајќи дека на концертот кој предвидено е да трае повеќе од 2 часа, Владо Јаневски ќе ги изведе сите негови најпознати хитови кои ја одбележаа неговата две ипол децениска соло-кариера. Периодов тој е актуелен со неговиот најнов сингл насловен „Главен град на тагата“.

 

Влезниците ќе бидат пуштени во продажба од петок во 9 часот наутро, преку продажната мрежа на „Купи карти за сè“ низ цела Македонија и онлајн, по следниве цени:

500 ден ПАРТЕР

800 ден ФАН ПИТ (само 1.000 влезници)

1.000 ден ВИП

Во продажба ќе биде пуштен и одреден контингент на ВИП пакети кои ќе може да се резервираат телефонски на 078/365-245 (секој работен ден од 10 до 16 часот, освен сабота и недела).



Врати се горе ↑