Македонија Владо-Јаневски-618x496

30 ноември, 2012

Владо Јаневски сними спот за „Булки“

Владо Јаневски деновиве во студиото на Томато Продукција снимаше спот за еден од неговите последни хитови, песната „Булки“, дознава ХитПортал. Имено, овој видео запис екранизира емотивна приказна чија поента е дека жената никогаш не старее во очите на мажот. Главен лик е синот на познатата водителка Лила Стојановска, Филип.

Видео записот е во режија на Бане Поповиќ, кој е долгогодишен соработник на Јаневски. Од Томато изјавиле дека ова е само продолжение на долгата соработка со Владо, а во иднина ќе реализираат уште неколку заеднички проекти. Со оваа продукција „чаирскиот романтичар“ го сними и видео записот за „Тајна отровна“.

 



Врати се горе ↑