Видео

6 март, 2019

Владо Јаневски претконцертно го претстави видеото за новиот сингл

Во пресрет на големиот славенички концерт во „Борис Трајковски“, со кој на 16 март ќе прослави 25 години кариера, Владо Јаневски го промовираше видеото за својот нов сингл „Откако си негова“, чиј автор на музиката и стиховите е самиот Јаневски, а аранжманот го направи Никша Братош. Во видеото изработено од продукцијата „Генерал филм студио“ и под режисерската палка на Дарио Јанковиќ, освен Владо се појавува и некогашната Мис на Македонија – Вера Мештеровиќ.

Видеото беше промовирано на вчерашната прес-конференција за претстојниот концерт во организација на продукцијата „Прагма“, а во чии рамки Јаневски ќе отпее триесетина песни. Исто така, тој најави дека летово повторно ќе одржи концерт во Античкиот театар во Охрид, каде што последно настапи минатата година.

Влезниците за славеничкиот концерт се во продажба по цени од 500 до 1.400 денари и истите можете да ги набавите преку продажната мрежа на „Купи карти за сè“, во „Пола Југотон“ и во цвеќарницата „Розе“ – Веро 2, како и онлајн на www.kupikartizase.com, а новото видео за „Откако си негова“ погледнете го во продолжение. Уживајте!



Врати се горе ↑