Концерт POSTER_VLADO_FINAL_2 2

4 март, 2015

Владо Јаневски подготвува голем концерт во Скопје

По цели осум години, една од најголемите ѕвезди на македонската естрада, Владо Јаневски на 3 април ќе одржи концерт во арената „Борис Трајковски“ во Скопје. Концертот, кој е во организација на „Горила продукција“ и на кој ќе го придружуваат најдобрите македонски музичари, ќе биде одлична пригода за сите фанови по долго време заедно со Владо да ги отпеат многубројните хит рефрени. Неговите песни веќе одамна важат за евергрини кои живеат во срцата на сите вљубени и за кои веруваме ќе ја исполнат салата до последно место.

Ценејќи го придонесот на Владо Јаневски во афирмацијата на македонската музика, овој проект е поддржан и од Министерство за култура. Фановите ќе ја имаат таа можност да уживат во бројни изненадувања од технички аспект, кои за прв пат ќе се случат во арената „Борис Трајковски“, но за тоа наскоро.

Влезниците се продаваат во продажната мрежа на Мк Тикетс, односно сите продажни салони на „One“ низ Македонија, Југотон ГТЦ 1. кат, Универзална сала во Скопје и многу други продажни места.

 



Врати се горе ↑