Македонија

13 јуни, 2016

Владо Јаневски најави нов летен хит

После речиси две години пауза од објавувањето на хитот „Е ама јас те сакам тебе“, Владо Јаневски наскоро ќе го претстави својот нов сингл со работен наслов „Среќа“, кој е најавен како летен хит. За новата песна, чиј комплетен автор е самиот Јаневски, деновиве се снимаше и видео запис со екипата на „Томато продукција“, а главната улога ќе ја има манекенката Ана Коцева. Како и во претходните видео записи, ни овој пат музичарот нема да го видиме во ниту една сцена.

Извор: Вечер



Врати се горе ↑