Настани

19 септември, 2016

Владо Јаневски, „Куку леле“, Миле Кузмановски и многу други на јубилејниот „Вино Скоп“

Десетиот роденден на „Вино Скоп“ ќе го прославиме традиционално на градскиот плоштад „Македонија“ во Скопје, а фестивалот ќе се одржи од 28 септември до 2 октомври. Центарот на градот Скопје пет дена ќе биде катче во кое ќе може да уживаат сите кои што сакаат да дегустираат чаша квалитетно македонско вино, но и да се забавуваат на звуците на најдобрите македонски музичари.

vlado-janevski

Владо Јаневски, „Куку леле“, Ристо Самарџиев, Јаков Дренковски, Миле Кузмановски, Ефто Пупиновски се само дел од изведувачите кои ќе настапат на јубилејното издание на „Вино Скоп“.

kuku-lele-naslovna

Во текот на изминатите десет години фестивалот стана заштитен знак на есента во Скопје, како и привлечна туристичка атракција за голем број на странски туристи кои секоја година ги има во што поголем број. Десет години Вино Скоп ја испишува најубавата скопска есенска приказна, бидете и вие дел од фестивалот кој ги слави виното и музиката.

1044005_1198528966877954_3766341377058891085_n



Врати се горе ↑