Галерија

7 август, 2018

Владо Јаневски и публиката во Антички театар пееја во еден глас

По пауза од речиси 10 години, Владо Јаневски завчера одржа концерт на отворено, во Античкиот театар во Охрид, по повод 25 години успешна соло-кариера. Публиката во преполниот театар во еден глас ги пееше старите, но и новите хитови на чаирскиот романтичар.

И самиот Јаневски ја почувствувал позитивната енергија на присутните и одличниот флуид, а тоа и повеќепати го нагласувал. „Концертот беше одличен, публиката полна со енергија што придонесе за убава атмосфера“, кусо рекол Јаневски.

Дел од бендот што го придружуваше на сцена беа и охриѓаните Дамјан Пејчиноски и Влатко Плевнеш.

Извор и фотографија: ОхридПрес



Врати се горе ↑