Балкан 22896

13 ноември, 2012

Владо Георгиев соработува со Александра Радовиќ

Спрските поп пејачи Владо Георгиев и Александра Радовиќ соработуваат за нова песна. Георгиев на неговиот Твитер профил напишал: „Имате право од еднаш да погодите кој ги пее пратечките вокали на песната „Даљина“, а набрзо следуваа и одговорите, кои веројатно беа во голема мера точни, па тој веднаш возвратил: „Штета што не беше наградна игра, скоро сите погодивте. Ти благодарам Александра Радовиќ, одлично звучи!“.

Покрај тоа, музичарот ја фотографираше неговата колешка и сликата им ја објави на неговите фанови. Изгледа многумина очекуваа да дојде до оваа соработка, само беше прашање на време.

Извор: telegraf.rs



Врати се горе ↑