Концерт vlado-georgiev-skopje

21 јануари, 2015

Владо Георгиев со голем концерт во Скопје

Најголемиот балкански заводник во моментов, Владо Георгиев после цели 10 години доаѓа на голем солистички концерт во Скопје. На 14 февруари, денот на љубовта и виното, во спортскиот центар „Борис Трајковски“, со хитовите на Георгиев, ќе добие една сосема поинаква форма и значење. Со оглед на тоа што ова му е прв голем солистички концерт после цели 10 години во македонската престолнина, Владо Георгиев сака да остане запаметен во македонската меморија. Иако важи за голем заводник, овој ден на љубовта ќе им го посвети на оние коишто сè уште веруваат во љубовта.

Со почеток во 21.00 часот, на грандиозната сцена во „Борис Трајковски“, освен Владо, кој ќе ги пее неговите најголеми хитови, ќе го видите и неговиот бенд, танчерки, балерини и колеги од естрадата кои само ќе го дополнат ова заедничко славење на музиката и на љубовта.

Влезниците за концертот се пуштени во продажба во: Камарад – Рамстор, цвеќара Розе Веро 2, Југотон, Скопје сити мол и продажната мрежа на „Купи карти за сè. Локалните кафулиња и плоштади низ државата се места од каде што македонските фанови можат да купат влезница за концерт и од каде што е обезбеден организиран превоз.

Цената на влезниците до 1 февруари: Партер стоење – 600 денари, Фан пит – 800 денари, Блок 5, 6, 7, 8, 9, 10 и 11 – 700 денари, Блок 2, 4, 12 и 14 – 900 денари, Блок 3 – 1.000 денари, Блок 13 – 1.500 и 1.000 денари.

 



Врати се горе ↑