Балкан Vlado+Georgiev

25 декември, 2012

Владо Георгиев наскоро со нов албум

Веќе неколку години Владо Георгиев работи на неговиот нов албум кој, како што тој изјавил во интервју дадено за српски Новости, ќе излезе уште во првите неколку недели од 2013 година. „Веќе од самиот факт дека на самиот почеток од годината ќе излези мојот нов албум, во Новата Година ќе зачекорам со многу оптимизам. Мислам дека во вакви тешки времиња на сите ни е неопходен оптимизам. Мене, фала Богу, не ми недостасува.“ – рекол Георгиев, додавајќи дека е задоволен од музиката која ја сработиле во неговото студио, а ќе се најде на неговиот нов албум.

„Мислам дека многу ќе им се допадне на луѓето кои ја сакаат мојата музика и дека навистина напредувам во тој поглед. Сега кога сум веќе при крај со работата, можам да кажам дека сум потполно задоволен од она во кое, морам да признаам дека не бев многу сигурен додека го работевме.“- вели Георгиев.

Инаку, на почетокот на месец ноември, Владо веќе објави демо верзија на една нова песна, која веројатно ќе се најде на овој албум, а тоа е нумерата „Реци не или да“, а набрзо по неа како подарок за неговите фанови пејачот објави и мал дел од уште една песна „Живим сад“. Георгиев во изминатиот период е ангажиран и како судија во музичкото талент шоу „Првиот глас на Србија“, каде што е во улога на жири.

 



Врати се горе ↑