Концерт toni-vlado

17 декември, 2016

Владо Георгиев и Тони Цетински со заеднички концерт во Скопје

Скопје, но и цела Македонија ќе има можност да ужива на заедничкиот концерт на едни од најголемите музички имиња на Балканот- феноменалниот Владо Георгиев и извонредниот Тони Цетински. Кој од кој подобар, а доказ за тоа се нивните многубројни хитови кои се пеат од Вардар па до Триглав.

Македонската публика во оваа пригода ќе ужива во песните како: „Живим сад“, „Ако ми лоше крене“, „Хеј ти“, „Анџеле“, „Опет си побједила“, „Ако то се зове љубав“, „Од милијун жена“, „Кад жена заволи“ и уште многу, многу други.

Музичкото уживање е закажано за на 18 февруари во нашата најголема концертна и спортска сала „Борис Трајковски“, односно „Вип арена“.

„Веруваме дека ова ќе биде едно најдобрите музички случувања во Македонија во последните години. Ние сме особено горди што едни од најзвучните музички имиња во регионот ја прифатија нашата покана за организирање еден ваков голем концертен спектакл“, велат организаторите од продукцијата „Прагма“.

Влезниците се веќе пуштени во продажба преку „Купи карти за сè“, а цените се движат од 400 до 1.500 денари.

15492394_1208162992554049_3700346172411822256_n



Врати се горе ↑