Балкан vlado-georgiev

6 јуни, 2013

Владо Георгиев го претстави новиот албум на својот роденден

Владо Георгиев денеска, на својот 37-ми роденден, го промовираше неговиот трет албум „Даљина“ во белградскиот Colonial Sun, пренесува српскиот магазин Трачара. Популарниот музичар им се заблагодарил на присутните новинари и гости, нагласувајќи дека особено ги цени новинарите кои коректно си ја извршуваат својата работа.

На ова издание се наоѓаат 12 песни, кои беа избрани од околу 40, а снимањето се одвиваше од 2006 година до сега. Георгиев нагласил дека целосно подготвени се уште 12 песни, така што неговите фанови нема да чекаат толку долго до следното албумско издание.

„Од 40 песни избрав 12 кои доста се разликуваат една од друга, така што има за секој по нешто – со побрз и со побавен ритам“ – објаснил Владо, додавајќи дека летово ќе помине без одмор, затоа што периодот ќе помине работно.

Извор и фото: Трачара



Врати се горе ↑