Македонија

28 август, 2018

Владимир Дојчиновски: „Макфест 2018“ само со домашни автори и изведувачи

Во пресрет на 33. издание на фестивалот „Макфест“, кое годинава ќе се одржува од 4 до 6 октомври во Домот на културата „Ацо Шопов“ во Штип, полека ги дознаваме сите детали околу авторите и изведувачите на трите фестивалски вечери. Како што открива уметничкиот директор Владимир Дојчиновски, фестивалот годинава ќе биде комплетно базиран на македонски автори и изведувачи од сите генерации – од оние кои во минатото го создаваа „Макфест“ до новите што допрва ќе се афирмираат.

Ќе има автори од сите генерации како што се: Кире Костов, Григор Копров, Ванчо Димитров, Огнен Неделковски и Љупчо Мирковски, потоа автори кои оставија трага во осовременување на фестивалот, како: Дарко Димитров, Весна Малинова – Бабамова, Ристо Самарџиев, Роберт Билбилов, Хари Котларовски, Кристијан Габроски, Елена Ристеска, Магдалена Цветкоска, Лазар Цветкоски, Јован Јованов, Иван Јованов, Елвир Мекиќ, Баже Темелков, Џина Папас Џокси, Горјан Стојановски и Роберто Поп Димитров, како и автори кои допрва треба да го обликуваат, како што се: Иле Спасев, Филип Неделковски, Робин Зимбаков, Дејан Лилиќ, Панче Касапски, Бертан Аслани, Симеон Коруновски, Игор Узунов, Виктор Апостоловски, Томислав Коцевски, Дејан Миленковски, Ивана Димова и други“, откри Дојчиновски.

Ристо Самарџиев, еден од најнаградуваните автори и изведувачи на „Макфест“, ќе биде дел и од годинашното издание на фестивалот

На фестивалот ќе се изведат вкупно 32 песни, поделени во две полуфинални вечери и финале од 18 или 20 композиции.

„За овој фестивал е важно што се враќаат и земаат учество автори и изведувачи што подолг период не беа присутни на ’Макфест’.  Тоа значи дека ќе настапат: Дани Димитрова, Ѓоко Танески, Наташа Малинкова, Роберт Билбилов, Симона Попоска, Антонија Гиговска, Пепа Димитрова, Џина Папас Џокси, Маријан Стојаноски, Александар Тарабунов, Димитар Андоновски и „Тајфата“, триото „Џентлмен“, Огнен Здравковски, Мартинијан Кириловски, Горан Наумовски со Горан Папаз, Лена, Лина Пејовска, Мина Блажев, Анета Василева – Ристова, Игор Узунов, Сара Гиговска, Симеон Коруновски, Наталија Славева, Ивона Јовановиќ, Филип Пешевски, Мартина Митревска, Анастасија Аврамовска, Давид  Миладинов, Христијан Проданов, Весна Спасова, Барбара и Наталија Данаилова“, додава Дојчиновски.

Image result for Симеон КоруноскиНадежниот кичевски музичар Симеон Коруноски годинава ќе дебитира на макфестовската сцена

За разлика од претходните години, овој пат во ревијалниот дел нема да настапуваат гости од странство, односно свое шоу ќе имаат македонски изведувачи, а како што вели Дојчиновски, во преговори се за неколку имиња, но одговорните од општина Штип сè уште ја немаат донесено оваа одлука.

Уште откако ја презеде функцијата на уметнички директор во мај годинава, Дојчиновски најави дека ќе има повеќе промени на годинашниот фестивал, меѓу кои и во начинот на гласање. „Значи ќе имаме две жирија и нормално ќе гласа публиката во салата. Со колкави проценти ќе учествуваат на крај тие сè уште не е одлучено. Значи телефонско гласање оваа година нема да има. Имаме прво место со награда од 5.000 евра, второ од  4.000евра и трето 3.000 евра. Исто така ќе бидат доделени  и четири стручни награди, за арнажман, текст, интерпретација и сценски настап. За нив ќе се додели парична награда од по 500 евра“, заклучи Дојчиновски.

Извор: 7дена



Врати се горе ↑