Македонија Vladimir Cetkar

12 мај, 2014

Владимир Четкар во Италија, Унгарија и Тајланд‏

Синглот „Heavenly“ на Владимир Четкар од неодамна е издаден во Унгарија и Италија каде Четкар потпиша ексклузивен договор со Surya Musica – италијанската матична куќа на интернационалните музички sвезди Милки Ченс (Milky Chance) и Џати Ренкс (Jutty Ranx). Засега во Италија песната е секојдневно пуштана на радиата во Фиренца (Radio Rosa), Римини (Radio Gamma), Ферара (Radio Sound Ferrara), Калабриа (Radio RC International) и тн. додека во Унгарија ја добива секојдневната подршка на најслушаното национално радио Radio Petofi, Jazzy Radio, Nap Radio и т.н.

Линк (интерјву со Четкар во Унгарија)

После овој сингл на кој се наоѓа оргиналната верзија на „Heavenly“ како и нејзините ремикси од страна на прочуениот француски диџеј и продуцент Димитри Фром Париз, во Италија и Унгарија во јули ќе биде издаден и истоимениот албум а истиот период албумот „Heavenly“ ќе биде издаден и во далечниот исток, во Тајланд преку тамошната престижна џез етикета, Хитмен Џез Рекордс.



Врати се горе ↑