Настани Cetkar2

14 јули, 2013

Владимир Четкар во Аквариус на 17-ти јули

Култниот Аквариус во Охрид на 17-ти јули годинава слави 22 години постоење, а јубилејот ќе биде одбележан со настап на Владимир Четкар, кој штотуку пристигна од Њујорк и ова ќе биде негов прв настап за оваа година во Македонија. Четкар ќе биде придружуван од Оливер Јосифовски на бас и Гоце Стевковски на тапани.

Настапот ќе започне во 22 часот, а влезот е бесплатен.



Врати се горе ↑